logo
logo
logo

БЕЗ МАСТИ МОЗОКОТ СТАНУВА - ГЛУП. Да, ако е маст не значи дека е напријател, напротив

Vecer | 02.08.2026

БЕЗ МАСТИ МОЗОКОТ СТАНУВА - ГЛУП. Да, ако е маст не значи дека е напријател, напротив

Човек е паметен толку колку што му дозволува функционирањето на неговиот мозок. А мозокот бара услови за негово одржување во добра кондиција. Па, кој е основен услов за мозокот да го даде својот максимум? Да биде соодветно хранет - со масти! Да, со масти од телото, нешто кое загрижените егоисти за линијата на своето тело не можат да го поднесат. А мораат.

Со години мастите беа на листата на „непосакувани“ намирници, но денес експертите предупредуваат дека нивното целосно исфрлање од исхраната може сериозно да му наштети на организмот, особено на мозокот.

Мозокот е составен од околу 60 проценти масти, па за нормално функционирање му се потребни квалитетни, незаситени масти. Тие имаат важна улога во изградбата на мозочните клетки и овозможуваат правилен пренос на нервните импулси.

Заситените и незаситените масти се два главни вида масти во храната кои различно влијаат на здравјето: заситените масти се цврсти на собна температура и доаѓаат од животни, додека незаситените масти се течни и доаѓаат од растенија и ги иа во маслиново масло, јаткасти плодови, семки, некои видови бело месо, jajцa, чоколадо (црно по можност) и риба.

Недостатокот на здрави (незаситени) масти може да предизвика проблеми со концентрацијата, послаба меморија, потешкотии при донесување одлуки и намалена способност за решавање задачи. Посебно значајни се омега-3 масните киселини – DHA, EPA и ALA – кои телото не може самостојно да ги произведе, па мора да се внесуваат преку храната.

Освен што ја поддржуваат работата на мозокот, овие масти помагаат и во подобра апсорпција на витамин Д и учествуваат во процесите поврзани со создавање на серотонин – хормонот што е заслужен за доброто расположение. Воедно, тие придонесуваат за намалување на воспалителните процеси и подобра циркулација, што може да го намали ризикот од когнитивен пад и деменција.

Нутриционистите препорачуваат редовно консумирање на намирници богати со здрави масти, како лосос, скуша, сардина, екстра девствено маслиново масло, ореви, чиа и ленено семе, авокадо и алги. Вклучувањето на овие намирници во секојдневната исхрана може да помогне во зачувување на меморијата, концентрацијата и здравјето на мозокот на долг рок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk