Службеници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршиле притисок врз владината канцеларија одговорна за печатење пари да дизајнира банкнота од 250 долари со ликот на Трамп, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца поранешни и двајца сегашни вработени во канцеларијата.
Весникот објави дека ова би бил прв пат по повеќе од 150 години жива фигура да биде прикажана на американската валута.
Извори велат дека почнувајќи од минатата година, двајца службеници на Министерството за финансии, државниот благајник Брендон Бич и неговиот виш советник Мајк Браун, постојано ги повикувале вработените во Бирото за гравирање и печатење на агенцијата да подготват прототипови на банкнотата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата