logo
logo
logo

МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО СИБИРСКА ЛАБОРАТОРИЈА - Вашингтон бара транспарентност, Русија испрати соопштение

Vecer | 06.10.2026

МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО СИБИРСКА ЛАБОРАТОРИЈА - Вашингтон бара транспарентност, Русија испрати соопштение

Руските здравствени власти соопштија дека смртта на млада лаборантка во Сибир не е предизвикана од смртоносниот вирус на чумата, отфрлајќи ги шпекулациите дека станува збор за лабораториска несреќа, откако САД побараа целосна транспарентност за случајот.

Според информациите од руската служба за контрола на болести „Роспотребнадзор“, 28-годишната лаборантка во институтот специјализиран за надзор на болести поврзани со чума, починала минатиот петок во болницата во градот Шелехов во близина на Иркутск, а како официјална причина за смртта е наведена „пневмонија со непознато потекло“. Од надлежните служби тврдат дека во земените примероци од пациентката не се пронајдени микроорганизми поврзани со нејзините професионални активности, а во институтот немало никаква несреќа, и покрај претходните непотврдени гласини дека таа се заразила откако ѝ испаднала епрувета.

Вашингтон го следи случајот, болници под строг карантин

Случајот привлече меѓународно внимание откако американскиот Стејт департмент објави дека внимателно ја следи ситуацијата во координација со Центарот за контрола и превенција на болести (CDC).

– Многу детали сè уште не се потврдени. Ги повикуваме руските власти брзо и отворено да споделат точни информации, порача портпаролот на Стејт департментот.

И покрај тврдењата на Москва дека епидемиолошката ситуација во регионот е стабилна и дека нови инфекции не се забележани, локални извештаи од Телеграм каналите откриваат дека во Иркутск се воведени ригорозни мерки, па така три општи болници, детска болница и породилиште се ставени во тринеделен карантин, додека персоналот на самиот институт е изолиран на работното место.

Инаку, белодробната чума е тежок облик на инфекција предизвикана од бактеријата „Јерсинија пестис“ која навлегува во белите дробови и бара итна антибиотска терапија, но руските власти апелираат за смиреност тврдејќи дека случајот е под целосна контрола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk