Бизарно - ВКРСТИЈА АЛГА И ГЛУШЕЦ!

Vecer | 24.11.2026

Бизарно - ВКРСТИЈА АЛГА И ГЛУШЕЦ!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Идејата за организам кој е делумно хрчак, а делумно алга звучи како сценарио од научна фантастика, но стана реалност во Јапонија, каде што научници од Универзитетот во Токио создадоа хибридни клетки наречени „планимал“ (спој од растение и животно) преку спојување на ДНК од хрчак и црвена алга. Во студијата објавена во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications), истражувачкиот тим предводен од професорот Сачихиро Мацунага покажа дека огромниот еволутивен јаз меѓу растенијата и животните може да се надмине на ниво на хромозоми без репродукција, при што хибридните хромозоми стабилно се пренесуваат на клетките-ќерки низ повеќе од 150 клеточни делби.

Истражувачите тестирале два пристапи: директно спојување (фузија) на фотосинтетски клетки од алга со клетки од хрчак, како и метод во кој клетките на хрчакот ги впиваат алгите, при што методот на спојување се покажал значително поефикасен. Со помош на снимање на живи клетки и секвенционирање на геномот, тимот утврдил дека хибридните клетки задржале речиси цел геном на алгата низ голем број генерации, иако околу 96 отсто од пренесените гени на алгата останале неактивни, што укажува дека клетките на хрчакот применуваат природен механизам за потиснување на туѓиот генетски материјал.

Следниот чекор на јапонските научници е да откријат како селективно да ги вклучат потребните гени од црвената алга, која поседува исклучително компактен геном со метаболички функции непознати за животните, за да ги активираат тие биолошки патишта во животинските клетки. Како што појаснува професорот Мацунага, крајната цел е да се создадат животински клетки способни подолг период да одржуваат фотосинтеза, произведувајќи кислород и користејќи јаглерод диоксид за создавање корисни органски соединенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk