„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Vecer | 09.11.2026

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk