logo
logo
logo

(Видео) САКАЛ ДА ПУКА ВО „БИВШАТА“, но пиштолот закочил - следео хаос!

Vecer | 23.09.2026

(Видео) САКАЛ ДА ПУКА ВО „БИВШАТА“, но пиштолот закочил - следео хаос!

Американскиот адвокат Метју Екстон (43) е осуден на 24 години затвор откако во ресторан во Толедо, Охајо, се обидел да ја убие својата поранешна сопруга.

Екстон вперил наполнет пиштол кон неа и се обидел да пука, но оружјето не реагирало бидејќи осигурувачот бил вклучен. Нападот го спречил келнер, кој го соборил Екстон на под пред тој да успее да го откочи пиштолот.

Инцидентот се случил на 11 април 2025 година во ресторанот „Сабира“. Поранешната сопруга на Екстон, Кејда Валоне, таму вечерала со своето семејство.

Според обвинителството, Екстон пиел во локал во близина. Кога ја забележал поранешната сопруга, влегол во „Сабира“ и испратил пијалак до нејзината маса.

Потоа си заминал, но набрзо се вратил со пиштол „Колт Дифендер“.

Тој ѝ пришол на масата, од непосредна близина го вперил пиштолот во Кејда Валоне и се обидел да пука. Пиштолот не реагирал бидејќи осигурувачот останал вклучен.

Екстон тогаш почнал да ракува со оружјето, обидувајќи се да го оспособи за пукање.

Во тој момент реагирал келнерот Трејси Кол Џуниор, кој се фрлил врз него и го соборил на подот.

Во совладувањето на напаѓачот помогнале и други гости во ресторанот, кои го задржале до доаѓањето на полицијата.

Во пиштолот имало еден куршум во цевката и уште седум куршуми во рамката.

Екстон на судењето признал дека го вперил пиштолот кон поранешната сопруга, но негирал дека имал намера да ја убие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk