logo
logo
logo

МРТВО ТЕЛО НА СВЕШТЕНО ЛИЦЕ пронајдено во црковен двор

Vecer | 06.09.2026

МРТВО ТЕЛО НА СВЕШТЕНО ЛИЦЕ пронајдено во црковен двор

Страшна трагедија ја потресе црковната заедница откако во петокот вечерта безживотното тело на 53-годишен член на црковниот хор беше пронајдено во дворот на храмот посветен на Свети Пророк Илија. Телото на мажот било откриено во монтажен објект лоциран во самиот црковен двор, со тешка рана од нож во пределот на вратот, а сите првични полициски индиции укажуваат дека станува збор за самоубиство.

Настанот се случил во Родополис, во близина на грчката престолнина Атина, а жртвата била добро позната на локалните верници. Парохијата, свесна за неговите тешки животни и психолошки проблеми, му излегла во пресрет во тежок период од животот и му дозволила привремено да престојува во црковниот двор.

Парохискиот свештеник на црквата, протојереј-ставрофор Јован Хрисакис, за грчкиот портал eDionysos.gr потврдил дека станува збор за нивниот пејач, кој бил неженет и немал деца, и открил дека црквата правела сè за да му помогне.

„Шокирани сме од неговата смрт. Се чини дека ова е јасен случај на самоубиство. За жал, тој не можел да го издржи тоа и решил да го заврши својот живот на овој ужасен начин“, изјавил отец Јован.

Според свештеникот, тој претходно го упатил човекот кај психолог, а околу две недели пред трагедијата му бил закажан и преглед кај психијатар, кој за жал не се одржал. Свештеникот со длабока тага ја заврши својата изјава со зборовите: „Нека Бог ја упокои неговата душа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk