Паднаа низа американски икони: Холивуд ги загуби Парамоунт, МГМ, Колумбија... Iнформатичката икона ИБМ одамна ги предаде референтните лаптопи ТинкПад на Кинезите, Мекдоналд, Кока Кола, Бургер Кинг кои стаа “треш“ и не се веќе поим за висок западен стандард и фалење. Америка нема веќе престижни автомобилски брендови под своја контрола, кој го памти Форд Мустанг?... Нема, освен Тесла, а деновиве падна и таа, прегазена од најголемиот кинески производител на електрични автомобили BYD.

Токму оваа компанија докажа дека електричните автомобили можат да се произведуваат во големи количини, ги популаризираше и постави рекорди во испораките што конкурентите не можеа да ги достигнат со години.

Но, податоците за продажбата во последните седум години покажуваат дека рамнотежата на моќта се променила. Кинескиот BYD, по години постојан раст, ја престигна Tesla во продажбата на целосно електрични возила (BEV) на батерии, со што заврши долгогодишната лидерска позиција на Tesla.
Главната причина не е Кина, туку странските пазари, каде што продажбата на BYD расте силно дури и додека домашната побарувачка слабее.

Пресвртот се случи околу 2022 година. Додека Tesla продолжи да расте, продажбата на BYD почна да расте со значително побрзо темпо. До 2024 година, разликата меѓу двете компании речиси исчезна, а во 2025 година, BYD ја презеде водечката позиција, што претставува една од најголемите промени во индустријата за електрични возила откако Tesla стана лидер на пазарот.
BYD објави дека продажбата на возила во странство во јуни 2026 година се зголемила за 94,7% во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 175.349 возила. Во првата половина од 2026 година, продажбата на странски пазари се зголемила за 70,7%, на вкупно 792.256 возила.

Во исто време, компанијата забележа пад од 22% во домашната продажба поради забавувањето на кинескиот пазар на автомобили. Кинескиот автомобилски пазар се соочува со растечки притисоци од намалувањето на владините субвенции, послабата доверба на потрошувачите и продолжениот пад на пазарот на недвижности. Прогнозите на индустријата сега предвидуваат дека вкупната продажба на автомобили во Кина ќе падне за 11% оваа година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата