Родители возеле околу 100 километри низ Италија, не знаејќи дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие мислеле дека спие, објави „Corriere della Sera“.
Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот на автопатот А21, на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото бил зад воланот, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син бил на задното седиште.
Младиот човек во текот на патувањето престанал да реагира, но родителите во прв момент помислиле дека се одмора. Откако подолго време не успеале да добијат одговор од него, се запреле на одморалиште и сфатиле дека бил во бессознание и дека не дише.
Веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарската екипа по пристигнувањето можела само да ја констатира смртта. Според италијанските медиуми, 31-годишникот починал од срцев удар. Родителите им кажале на лекарите дека претходно имал полесни срцеви проблеми.
Последен пат разговарале со него околу 100 километри пред да го запрaт автомобилот. Според досегашните информации, смртта настапила ненадејно, без младиот човек да успее да побара помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата