logo
logo
logo

Apple не попушта: НЕ И ДАВА ПРИСТАП НА ПОЛИЦИЈАТА ДО СОДРЖИНИТЕ НА СВОИТЕ КЛИЕНТИ

Vecer | 06.08.2026

Apple не попушта: НЕ И ДАВА ПРИСТАП НА ПОЛИЦИЈАТА ДО СОДРЖИНИТЕ НА СВОИТЕ КЛИЕНТИ

Технолошкиот гигант Apple одбива да и го даде на полицјата кодот за влез во содржината на услугите кон нивните кленти како мејлови, слики, пораки, комуникација... или, да им создаде „задна врата“ за потреби на безбедносните служби, предупредувајќи дека тоа би ја загрозило приватноста на сите корисници.

Американската технолошка компанија Apple поднесе тужба пред Британскиот суд за истражни овластувања против владата во Лондон поради барањето да им се овозможи пристап до шифрираните податоци на нејзините корисници на услугата iCloud.

Контроверзниот закон врз основа на кој е издадено барањето ги обврзува технолошките компании да им обезбедат на безбедносните служби пристап до корисничките податоци во случаи на борба против тероризмот и детската порнографија, дури и кога овие податоци се заштитени со најнапредните системи за шифрирање, објавува Guardian.

Apple постојано нагласува дека создавањето таков пристап би ја ослабнало целокупната безбедност на системот и би ги изложило корисниците на ризик од хакерски напади. Од компанијата велат дека ни тие немаат неограничен пристап до содржините на нивните клиенти и оттаму не можат да дадат таков пристап на трета страна.

Apple ги доставува податоците на клиентите до полицијата кога ѝ се презентирани валидни законски наредби, но го блокира директниот пристап до содржината на уредот и силно шифрираните услуги. Apple управува со наменски портал за спроведување на законот за обработка на официјални барања, но не може да отклучува лозинки или да ги заобиколува функциите за шифрирање од крај до крај, како што е Напредната заштита на податоци.

Британската влада побара Apple да создаде механизам (задна врата) преку кој службите би можеле да пристапат до податоците, за почеток за потреби на безбедносте служби цо САД и Велика Британија.

Ставот на Apple, како и на безбедносните експерти, е дека не постои таков механизам што само „добрите момци“ можат да го користат. Ако им се даде на нив, за кусо време ќе го имаат и други.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk