logo
logo
logo

ДАЛИ БИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА А ДА ДОБИЕТЕ 25.000 ЕВРА?! Има кој сака, и тоа многумина

Vecer | 27.07.2026

ДАЛИ БИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА А ДА ДОБИЕТЕ 25.000 ЕВРА?! Има кој сака, и тоа многумина

Пред неколку месеци, владата на Малта започна програма наречена „Шема за откажување од возачка дозвола“, нудејќи им на младите возачи дури 25.000 евра за да се откажат од возење пет години.

Министерот за транспорт Крис Бонет ја бранеше иницијативата како клучен дел од поширокиот план за реформи во транспортот, нагласувајќи дека владата не сака да им наметнува промени на граѓаните, туку да ги охрабри на доброволна основа.

Програмата, која беше отворена за аплицирање до јуни 2026 година, е дел од петгодишен буџет вреден 25 милиони евра, а првичната идеја беше да се намали бројот на активни возачи.

Учесниците во програмата добиваат вкупно 25.000 евра, или 5.000 евра годишно, но мора да исполнуваат одредени услови:

👉 да имаат 30 години или помалку

👉 да живеат на Малта најмалку седум години

👉 да имаат минимум 12 месеци искуство со возачка дозвола од категорија Б

Иницијативата ги исклучува возачите чија возачка дозвола е суспендирана или поништена, носителите на дозволи што не припаѓаат на Европската Унија, како и оние на кои им е потребна за работа. Покрај тоа, мерката се однесува исклучиво на сопственици на патнички автомобили; мотоцикли, комбиња и други слични возила се ослободени.

Откако апликацијата ќе биде одобрена, учесникот потпишува договор со кој се обврзува да не управува со моторно возило во период од пет години, не само на Малта, туку и насекаде во светот.

Доколку полицијата го фати учесникот зад воланот, тој ќе се соочи со автоматска казна од 5.000 евра, ќе мора да ги врати сите пари добиени до тој момент и ќе биде изложен на понатамошни правни последици.

Според министерот, целта е да се стави крај на долгогодишната „култура на автомобили“ што ја доведе Малта на работ на сообраќајни метежи, со речиси 0,8 возила по жител, што е една од највисоките стапки во светот.

Конечно, кога ќе истечат петте години, учесниците ќе треба повторно да аплицираат за нова возачка дозвола и да завршат 15-часовен курс по возење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk