logo
logo
logo

Морбидно, СЛУЖБЕНИК ДРОГИРАЛ СТОТИЦИ ЖЕНИ - Сакал да мократ пред него

Vecer | 19.08.2026

Морбидно, СЛУЖБЕНИК ДРОГИРАЛ СТОТИЦИ ЖЕНИ - Сакал да мократ пред него

Речиси 250 жени во Франција се жртви на морбидна шема на некогашниот висок државен службеник Кристијан Негр, кој во периодот од 2009 до 2018 година ги дрогирал кандидатките за работа за да ги натера да уринираат пред него, објави Би-би-си.

Една од жртвите, Анe де Вос, раскажува дека во 2011 година, за време на интервју за работа во Министерството за култура во Париз, прифатила кафе подготвено од Негр. Набрзо потоа, тој предложил прошетка низ градот, за време на која таа почувствувала неконтролирана потреба за уринирање. Наместо помош, Негр ја насочувал кон изолирани места и гледал со ликување. Де Вос на крајот се измокрила во облеката во еден кафебар, а настанот и го уништил самопочитта за следните неколку години.

Морбиден дневник наречен „ЕКСПЕРИМЕНТ - P“

Истрагата против Негр започнала во 2018 година, откако колега го фатил како тајно фотографира жена под маса. Тој веднаш бил суспендиран, а во 2019 година добил и отказ.

Полицијата открила табела на неговиот компјутер насловена „Експерименти P“. Во документот детално водел евиденција: кога пристигнале жените, кога им дал диуретик (лекови за излачување течности), колку време им требало да побараат тоалет и каква долна облека носеле.

Друга жртва, Мари-Елен Брис, исто така била одведена на прошетка додека трпела силни болки, по што била принудена да уринира на јавно место додека тој не го тргал погледот од неа. Таа посочува дека поради труењето денес има и трајни здравствени последици.

Бавно правосудство и револт кај жртвите

Иако Негр на истражителите им признал дека им наметнувал понижувачки ситуации на жените, судскиот процес се развлекува со години. Негр денес е во своите 60-ти години и се наоѓа под истрага за дрогирање, нарушување на приватноста и сексуален напад.

Жртвите и организациите за заштита на женските права изразуваат огромен револт од бавноста на француското правосудство, оценувајќи го долгото чекање како дополнителна траума за оштетените жени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk