logo
logo
logo

НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО СИТЕ ГИ МЕРИМЕ ПОД „1“: Ова е тајната зад бананите во маркетите

Vecer | 15.08.2026

НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО СИТЕ ГИ МЕРИМЕ ПОД „1“: Ова е тајната зад бананите во маркетите

Ако некогаш сте мереле овошје во продавница, сигурно сте забележале дека бананите секогаш се под број 1. Тоа не е случајност – причината е едноставна, но интересна! Бананите се најпродаваното овошје во светот, па трговците сакаат купувачите брзо да ги најдат на вагата.

Бананите се достапни во текот на целата година, не се сезонско овошје и се одгледуваат во повеќе од 150 земји. Дури 95 проценти од бананите што ги купуваме ѝ припаѓаат на сортата кавендиш, а годишно ширум светот се јадат повеќе од 100 милијарди парчиња. Поради тоа, трговците одлучиле да им го доделат наједноставниот број – 1.

Прехранбената индустрија користи скала од седум бои за одредување на зрелоста на бананите. Некои луѓе повеќе сакаат целосно зелени банани, кои ги готват пред јадење, додека други купуваат речиси кафеави банани, кои поради својата сладост се одличен додаток во колачи и разни домашни пијалаци.

Бананите чинат околу 75 проценти од светската трговија со тропско овошје

Бананите спаѓаат меѓу највредните прехранбени култури, веднаш зад пченицата, оризот и млекото. Најмногу банани по глава на жител се консумираат во Руанда – около 279 килограми годишно.

Зошто ги сакаме?

Освен што се практични и вкусни, бананите се богати со калиум, влакна и витамини, поради што претставуваат совршена ужина.

Лесно се транспортираат, не бараат посебна подготовка и се пристапни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk