logo
logo
logo

Прва уметничка бригада во Креативна офанзива, серија интерактивни изложби низ Битола и регионот

Vecer | 12.05.2026

Прва уметничка бригада во Креативна офанзива, серија интерактивни изложби низ Битола и регионот

Преку проектот „Прва уметничка бригада“, младите од Битола и од руралните средини преку креативен процес ги именуваат проблемите со кои живеат секојдневно. Ова не се симболични теми и не се уметничка фикција. Ова се реални состојби што бараат реални одговори.

Во рамките на креативниот процес 30 млади од Битола и околината, менторирани од уметницата Љубица Мешкова Солаковска, преку ready-made уметност создадоа уметнички скулптури од веќе употребени, на прв поглед „непотребни“ материјали претворајќи ги во моќни пораки упатени кон јавноста.

Скулптурите се креативен израз на кој претходеа работилници за граѓански активизам каде учесниците дискутираа за своите предизвици и за своето секојдневие. Младите ги именуваа предизвиците со кои се соочуваат секојдневно: загаден воздух, младински миграции,влијанието на медиумите, губењето на личниот идентитет наспроти зависноста од технологија и социјалните мрежи, заборавањето на традиционалните и моралните вредности, психолошките притисоци, стресот ....

Како завршница на процесот, Фондација Божиновски Битола реализира пет интерактивни настани на различни локации: на Широк Сокак, во дворот на СОУ „Таки Даскало“– Битола, како и во училишните дворови во ООУ Славко Лумбарковски во Новаци, ООУ Браќа Миладиновци во с. Добрушево и ОУ Кочо Рацин во с. Ивањевци. Преку овие изложби, уметноста излегува од затворен простор и директно комуницира со заедницата.

Скулптурите испраќаат силни пораки и отвораат значајни општествени прашања што ги засегаат младите денес: прифаќањето на загадената средина како секојдневна и нормална реалност; влијанието на медиумите и потребата од критичко размислување; дигиталниот идентитет и зависноста од технологијата; иселувањето и чувството на неизвесност што го носи; заборавените вредности и потребата од нивно повторно оживување; како и притисоците и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат младите.

Овие настани се отворени простори за дијалог каде посетителите не се само набљудувачи, туку учесници во процесот на размислување и интерпретација.

Фондација Божиновски Битола во соработка со Центар за култура Битола и ЗГ Солак го реализира проектот Прва уметничка бригада кој покажува дека младите не се пасивни набљудувачи на реалноста, туку активни учесници во создавањето на нови идеи и можни иднини.

Проектот е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."

„Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. “

Лице за контакт: Маја Ангеловска – менаџерка на проектот (075 468 559)

Со почит,

Фондација Божиновски Битола

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk