logo
logo
logo

КАДЕ Е ОСКАРОТ ЗА ФИЛМОТ ПРОТИВ ПУТИН - Луфтханза започна темелна истрага

Vecer | 01.05.2026

КАДЕ Е ОСКАРОТ ЗА ФИЛМОТ ПРОТИВ ПУТИН - Луфтханза започна темелна истрага

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека покренала итна истрага откако беше пријавено исчезнување на статуетката Оскар со која се здоби рускиот режисер Павел Таланкин. Наградата, која му беше доделена за најдобар документарен филм за неговото остварување „Господин Никој против Путин“ (Mr. Nobody Against Putin), исчезнала за време на летот од Њујорк за Франкфурт.

„Длабоко жалиме поради оваа ситуација. Нашиот тим се занимава со ова прашање со најголемо внимание и итност. Спроведуваме сеопфатна внатрешна потрага за да осигураме Оскарот да биде пронајден и вратен што е можно поскоро“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата, пренесено од „Дојче веле“.

Според достапните информации, по пристигнувањето на Таланкин во Франкфурт, кутијата во која била сместена златната статуетка не била пронајдена меѓу неговиот багаж. Засега нема информации дали станува збор за ненамерно губење при транспорт или за смислена кражба на овој вреден симбол на светската кинематографија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk