Корисниците ширум светот се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до некои од најпопуларните интернет платформи и телекомуникациски услуги. Според последните извештаи на страницата Downdetector, забележан е нагол скок на пријави за дефекти кај неколку големи компании.
Како што може да се забележи, графиконите јасно покажуваат ненадејни прекини и проблеми кај платформите на компанијата Meta, како и кај други стриминг сервиси:, објави 4news.mk
Instagram: Забележува остар и енормен скок на пријави од корисници кои не можат да ја освежат својата почетна страница или да испраќаат пораки.
Facebook: Исто така бележи ненадеен пораст на поплаки во последните минути, што укажува на потенцијален глобален проблем со серверите.
Peacock: Популарниот стриминг сервис има сериозна дестабилизација на услугата со карактеристичен „пик“ (скок) на графиконот во краток временски период.
Проблеми и кај телекомуникациските гиганти
Проблемот не е ограничен само на апликациите за забава и дружење. Сериозни прекини во мрежата се забележани и кај давателите на интернет и мобилни услуги:
T-Mobile и T-Fiber: Двата графикони покажуваат идентичен бран на кориснички поплаки, што имплицира дека корисниците на овој оператор имаат проблем со мобилниот и оптичкиот интернет.
Lumos Networks: Кај овој давател на мрежни услуги се забележува сличен профил на прекин, со дефекти кои почнале да ескалираат речиси во исто време со оние на T-Mobile.
Идентичната форма на графиконите кај операторите (T-Mobile, T-Fiber и Lumos) сугерира дека причината за падот би можела да биде поврзана со некоја поголема заедничка инфраструктурна хаварија или прекин на главните интернет водови. Официјално известување од компаниите за тоа кога ќе се нормализира сообраќајот сè уште се чека.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата