logo
logo
logo

Долината на смртта се претвори во шарен цветен пејзаж

Vecer | 13.03.2026

Долината на смртта се претвори во шарен цветен пејзаж

Националниот парк Долината на Смртта, најжешката и најсушната точка во Северна Америка, оваа пролет е покриен со спектакулари диви цвеќиња во розови, виолетови и жолти нијанси. Според Националната служба за паркови, ова се најимпресивните цвеќиња што паркот ги видел во последната деценија, резултат на пообилни од вообичаеното дождови во есента и раната зима.

Дивите цвеќиња, познати како ефермерни, преживуваат во форма на семе во сувата почва и никнуваат само кога условите се идеални. Цветовите на пониските височини ќе бидат видливи до средината или крајот на март, додека на повисоките места цветањето се очекува од април до јуни.

Следните неколку недели ќе бидат кулминација  на цветањето.

Берењето на дивите цвеќиња во паркот е забрането. Сите што сакаат да го видат суперцветот треба да внимаваат да го заштитат чистиот амбиент на паркот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk