logo
logo
logo

Почина Цветанка Илиева, долгогодишна новинарка и уредничка во МРТ

Vecer | 26.09.2026

Почина Цветанка Илиева, долгогодишна новинарка и уредничка во МРТ

На 77 годишна возраст почина Цветанка Илиева – долгогодишна новинарка, уредничка и водителка на голем број успешни проекти и ТВ емисии на МРТ, каде го помина сиот работен век.

Беше препознатлива по својата професионалност, одговорност и посветеност кон работата, активна до последните денови од животот, почитуван член на Сојузот на здруженија на пензионери, скромна и тивка личност, посветена на семејството и пријателите.

Нејзините посмртни останки ќе бидат изложени утре, од 10 до 11 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел, по што ќе се изврши погребот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk