logo
logo
logo

Најважното: ОВИЕ МАРКИ АВТОМОБИЛИ ИМААТ НАЈДОБРА ИЗРАБОТКА И НАЈМАЛКУ ДЕФЕКТИ

Vecer | 26.08.2026

Најважното: ОВИЕ МАРКИ АВТОМОБИЛИ ИМААТ НАЈДОБРА ИЗРАБОТКА И НАЈМАЛКУ ДЕФЕКТИ

Ако сакате нов автомобил што ќе поминува повеќе време со вас отколку во гаража, „Консумер рипортс“ има неколку познати совети. Држете се до доверливи имиња, бидете скептични кон впечатливата нова технологија и можеби никако не се пријавувајте како бета-тестер за најновата голема идеја на производителот.

На врвот на листата, Toyota го освои првото место, по што следуваа Subaru на второто и Lexus на третото место. Honda, BMW и Nissan до шестото место што е врвот во квалитет на изработката и функционирањето - без дефект според „Консумер рипортс“ кој го базираше своето истражување на податоци од анкети што опфаќаат околу 380.000 возила во САД, според „Карскоопс“, така што тоа е веродостоен ранг, а не само резултат на коментари на онлајн форум.

Најголемата трансформација ја забележа Tesla, која скокна за осум места од минатогодишното истражување и сега е на деветтото место. Ова во голема мера се должеше на подобрите резултати на Model 3 и, особено, на Model Y. Ова не значи дека сè одеднаш е совршено во светот на Tesla, Cybertruck сè уште е оценет под просекот, но сугерира дека компанијата конечно станува подобра во справувањето со проблемите во производството, завршната обработка и хардверските проблеми што ги придружуваа.

Кошмарот на Mazda со PHEV

Брендот што доживеа непријатен пад е Mazda, која падна за осум места, сè до 14-та позиција. Постарите модели на Mazda сè уште се покажаа како доста сигурни, но поновите и многу покомплицирани модели како CX-70 и CX-90, особено во нивните plug-in хибридни (PHEV) верзии, очигледно им задаваа на сопствениците постојани главоболки. Падот е уште поголем затоа што Mazda беше прогласена за најсигурен производител уште во 2020 година, токму поради својот конзервативен пристап и употребата на докажани платформи.

Ова е класичен пример за тоа што се случува кога производителот на автомобили станува премногу амбициозен со нови платформи, нови погонски склопови и нова технологија одеднаш. Понекогаш инженерскиот тим прави сè совршено. Сепак, понекогаш сопствениците стануваат, несвеснo, неплатени членови на тимот за истражување и развој и на нивни грб одат грешките од новите серии автомобили.

„Consumer Reports“ исто така наведува дека класичните хибриди продолжуваат да бидат безбедна опција за ентузијастите со мотори со внатрешно согорување кои бараат подобра економичност. Од друга страна, целосно електричните возила (EV) и plug-in хибридите (PHEV) сè уште се премногу застапени меѓу најмалку сигурните модели во анкетата, особено кога се сосема нови или значително редизајнирани.

Истражувањето потврди дека јапонските брендови сè уште доминираат во однос на сигурноста, европските брендови се некаде на средина, додека американските брендови генерално заостануваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk