logo
logo
logo

НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ - Денеска три астрономски феномени, еве што се случува

Vecer | 12.08.2026

НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ - Денеска три астрономски феномени, еве што се случува

Ретка серија астрономски феномени ќе може да се проследи денеска - утринска „парада на планетите“, делумно затемнување на Сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди. За целосно уживање во оваа глетка, освен ведро небо, ќе ви биде потребна локација подалеку од градското светло и со отворен поглед кон хоризонтот.

Првиот небесен спектакл започнува уште пред изгрејсонце, кога на небото се подредуваат шест планети: Јупитер, Меркур, Марс, Уран, Сатурн и Нептун. Најдоброто време за набљудување е рано наутро, помеѓу 4:50 и 5:20 часот. Планетите нема да бидат во совршена права линија, туку во широк лак долж еклиптиката, од источниот кон југозападниот дел на небото.

Со голо око најлесно се забележуваат Марс и Сатурн. Меркур и Јупитер се пониско на источниот хоризонт и се потешки за уочување поради утринската светлина, додека за Уран и Нептун ќе ви биде потребен двоглед или телескоп. Доколку утрово е облачно, сличен распоред на планетите ќе може да се види и во следните неколку дена.

Делумно затемнување на Сонцето пред зајдисонце

Најинтересниот момент за нашите краишта следува предвечер. Според пресметките на Time and Date, делумното затемнување на Сонцето во Скопје започнува во 19:29 часот, со максимум во 19:36 часот, непосредно пред Сонцето да зајде во 19:39 часот.

Настанот ќе се одвива исклучително ниско над западно-северозападниот хоризонт, па зградите, ридовите и дрвјата лесно можат да го заклонат погледот. Целосното затемнување ќе биде видливо само од делови на Гренланд, Исланд, Шпанија, Португалија и северна Русија, додека во поголемиот дел од Европа, вклучително и кај нас, ќе биде само делумно.

Важно предупредување за безбедност:
Сонцето никогаш не треба да се гледа со голо око или со обични очила за сонце. За заштита на видот заднички се користат исклучиво сертифицирани соларни очила и филтри кои го исполнуваат стандардот ISO 12312-2, што важи и за заштитата на објективите на камерите, телескопите и двогледите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk