ТЕРОРИСТОТ ОД КОНЦЕРТОТ на Тејлор Свифт призна вина

Vecer | 28.04.2026

ТЕРОРИСТОТ ОД КОНЦЕРТОТ на Тејлор Свифт призна вина
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Дваесет и едногодишниот Беран А. пред австрискиот суд делумно ја призна вината за планираните терористички напади на концертот на американската ѕвезда Тејлор Свифт во Виена во 2024 година. Тој потврди дека учествувал во повеќе терористички заговори, вклучително и во подготовките за нападот на концертот, како и дека патувал во Дубаи со намера да изврши напад.

Обвинетиот призна поврзаност со терористичка организација и обиди за набавка и изработка на оружје наменето за планираните напади. Сепак, тој децидно негираше каква било вмешаност во планиран напад во Мека, иако останатите делови од неговото признание ја потврдуваат неговата длабока инволвираност во радикалните структури.

„Патував во Дубаи со намера да извршам напад и учествував во заговорот поврзан со планираниот напад на концертот“, призна Беран А. пред судот, пренесува „Кронен цајтунг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk