logo
logo
logo

НЕСЕКОЈДНЕВНА ГЛЕТКА ВО СКПЈЕ - Ждребе се роди на „Илинденска“

Vecer | 04.10.2026

НЕСЕКОЈДНЕВНА ГЛЕТКА ВО СКПЈЕ - Ждребе се роди на „Илинденска“

Несекојдневна и невообичаена глетка рано утрово ги изненади жителите на скопската населба Карпош, каде што кобила донела на свет младо жребе директно на една од локалните градски површини. Сцената, објавена на социјалната мрежа Фејсбук од страна на граѓанинот Игор Паневски, е забележана непосредно по породувањето, а од фотографијата се гледа новороденото жребе кое според својата состојба било старо само неколку минути.

Утринската градска рутина во еден од најурбаните и најгусто населените делови на Скопје започнала со глетка што многу почесто се очекува во рурални средини отколку на скопскиот асфалт. Сцената за кратко време предизвика голем интерес и бран реакции кај граѓаните на социјалните мрежи, кои истовремено изразија симпатии кон животното, но и загриженост за условите во кои тоа се наоѓа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk