Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата

Vecer | 17.11.2026

Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата.

Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето.

За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“.

Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на  косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање.

Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса.

Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk