Директорката за благосостојба на животните, Али Тејлор, изјави дека соработувала со непрофитната организација „Флатбуш Кетс“ за да го пронајде Исак и да го врати кај 13-годишната Зарија Колман, објави NBC.
Зарија и нејзината мајка изјавија за „Њујорк тајмс“ дека работниците го пронашле Исак во шкаф под кујнскиот мијалник во нивниот стан откако слушнале тивко мјаукање, во кое не можеле да влезат од страв дека уривањето, кое го откорнало надворешниот ѕид на нивната зграда, ќе продолжи.
Пред да биде спасен, Исак бил без храна и вода четири дена.
Во уривањето на трикатница во Бруклин на 12 ноември загинаа осум лица, а повредени се уште 17.
Зградата се урна во отворена градежна шахта, каде што беа во тек градежни работи, и притоа, го откорна надворешниот ѕид на соседната зграда, со која беше поврзана, во која се наоѓаше и станот на Зарија Колман.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата