Француската полиција ја истражува смртта на 25-годишната бразилска манекенка Лариса Брито дос Сантос, чие распарчено тело беше пронајдено во автомобилот на нејзиниот поранешен партнер. Мажот е уапсен; француските медиуми известуваат дека жртвата испратила порака со предупредување непосредно пред да исчезне.
Телото било откриено во понеделникот за време на рутинска сообраќајна контрола на автопатот А8, во близина на Ница. Царинските службеници го запреле возилото со кое управувал Французин идентификуван како Матје (29). Во багажникот пронашле неколку пластични кеси во кои имало делови од тело. Мажот веднаш бил приведен.
Потврдено е дека тој бил во врска со жртвата и сега е обвинет за убиство, иако ги негира обвинувањата.
Истрага и последна порака
Клучна трага во истрагата е пораката преку „Ватсап“ што Лариса Брито дос Сантос ѝ ја испратила на својата мајка во Бразил во неделата. Таа напишала едноставно: „Матје е тука“. Потоа, исчезнала без трага.
Обвинителот од Ница, Дамјан Мартинели, потврди дека на телото имало убодни рани и дека тоа било речиси целосно распарчено.
Дваесет и деветгодишниот осомничен ѝ е познат на полицијата. Тој има досие поврзано со сообраќајни прекршоци и трговија со дрога, а истражителите го поврзуваат и со локални криминални активности.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата