logo
logo
logo

„ДУБАРА“ ОД КИНА

Скандалозно - НА ПАКУВАЊЕТО ИГРАЧКА, ВНАТРЕ КОНДОМИ и тоа фалсификат!

Vecer | 08.07.2026

Скандалозно - НА ПАКУВАЊЕТО ИГРАЧКА, ВНАТРЕ КОНДОМИ и тоа фалсификат!

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) открила мрежа за шверц на фалсификувани кондоми кои биле дистрибуирани низ Европа, при што биле запленети повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина.

Според информациите, кондомите биле лажно декларирани како играчки, а биле запленети во Романија, Србија и Шпанија. Вредноста на запленетата стока надминува 200.000 евра.

Од ОЛАФ предупредуваат дека производите не ги исполнувале здравствените и безбедносните стандарди на Европската Унија, бидејќи не биле тестирани за микробиолошка исправност, отпорност на кинење, биокомпатибилност, рок на траење и други задолжителни критериуми.

„Фалсификуваните кондоми се опасни. Тие не се тестирани, не се контролирани и не се безбедни“, изјавил директорот на ОЛАФ, Петер Клемент.

Според истрагата, лажните производи биле продавани под името и логото на познат бренд, но институцијата не открива за кој бренд станува збор, ниту колку од вкупната количина веќе стигнала до потрошувачите.

ОЛАФ, во соработка со кинеските власти, го идентификувал извозникот што стоел зад спорните пратки, но неговиот идентитет засега не е објавен.

Надлежните предупредуваат дека користењето вакви фалсификувани производи може да го зголеми ризикот од сексуално преносливи инфекции, несакана бременост и изложеност на небезбедни материјали и хемикалии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk