logo
logo
logo

Нов дом за шефот на „Мета“: МАРК ЗАКЕРБЕРГ СТАНА СОПСТВЕНИК НА ИСТОРИСКИ ЗАМОК ВО ИРСКА

Vecer | 21.08.2026

Нов дом за шефот на „Мета“: МАРК ЗАКЕРБЕРГ СТАНА СОПСТВЕНИК НА ИСТОРИСКИ ЗАМОК ВО ИРСКА

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук и сопственик на Мета, купи замок во Ирска каде што се наоѓа седиштето на групацијата надвор од САД, изјави портпаролот за АФП, но не го наведе износот на трансакцијата.

Американскиот милијардер го купи замокот Странкали, неоготска градба лоцирана во округот Вотерфорд (југ), од британскиот бизнисмен Мајкл Ален-Бакли и неговата сопруга Џанкарла, членка на семејството Форте, познато по британското луксузно хотелиерство.

Замокот е изграден во 1827 година за еден англиски политичар. Станува збор за трикатна куќа од делкан камен, сместена околу 150 километри југозападно од Даблин. Во последните дваесеттина години, на имотот се спроведени обемни работи за реконструкција.

„Марк и неговото семејство се воодушевени што ќе продолжат да се грижат за зачувувањето на овој историски дом и со нетрпение го очекуваат престојот во Ирска, каде што Мета има свое меѓународно седиште“, изјави портпаролот во соопштението што го пренесе АФП.

Закерберг и неговото семејство и понатаму ќе живеат во Соединетите Држави, а имотот ќе го користат за време на нивниот престој во Ирска поврзан со бизнисот на Мета.

Ирска игра важна улога за американската компанија, која таму вработува околу 1.500 луѓе, а меѓународното седиште на Мета се наоѓа во Даблин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk