Авионот во кој се наоѓаа бразилскиот пејач Рик и бизнисменот Бруно Авелар исчезна откако полетал од Порто Бело кон Сао Паоло, соопшти локалната полиција. Леталото исчезнало во регионот Урубиси, во сојузната држава Санта Катарина, на југоистокот на Бразил.
Во потрагата по авионот се вклучени хеликоптери, а операцијата е организирана според последната позната локација на која е забележан сигналот од мобилниот телефон на еден од членовите на екипажот, пренесува Би-Би-Си (BBC). Авионот ја изгубил комуникацијата околу 17 часот по локално време, додека летал над планинското подрачје во Санта Катарина. Според соопштението од прес-службата на бизнисменот Бруно Авелар, во леталото, покрај него и пејачот Рик, се наоѓале и неговиот снимател Пауло Соареш и пилотот, чиј идентитет засега не е објавен. Спасувачките екипи ја продолжија потрагата по исчезнатото летало, додека хеликоптерите го пребаруваа подрачјето во близина на последната забележана локација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата