logo
logo
logo

ВИДЕО | ЧОВЕК ПРОТИВ РОБОТ ВО ММА КАФЕЗ: Инфлуенсерот го предизвика „Терминаторот“, па заврши на подот

Vecer | 22.09.2026

ВИДЕО |  ЧОВЕК ПРОТИВ РОБОТ ВО ММА КАФЕЗ: Инфлуенсерот го предизвика „Терминаторот“, па заврши на подот

Американскиот инфлуенсер Френки Лапена, кого го следат повеќе од три милиони луѓе на Инстаграм, влезе во ММА кафезот со робот и загуби.

Настанот беше претставен како историска, прва официјална битка помеѓу човек и машина. Лапена се соочи со „Рекбот“, производ на „Рек Роботикс“.

Станува збор за робот висок 180 сантиметри чиј изглед наликува на моделот Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Пред почетокот на натпреварот, наречен „Човек против Терминатор“, еден од присутните му дофрли на Лапена: „Се плашам за тебе“.

Инфлуенсерот успеа да нанесе неколку удари, но „Рекбот“ на крајот го собори со нога. Лапена остана да лежи на подот со видливи модринки и во болка.

Борбата предизвика голем интерес и бројни коментари на интернет.

„Заборавете на УФЦ, сакам да гледам повеќе од ова“, е еден коментар. Други напишаа: „Од каде овој човек ја најде храброста? Не би се осмелил“, „Ова е како најава за новата сезона на „Црно огледало“.

Еден корисник заклучи: „Ние, луѓето, сме готови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk