logo
logo
logo

(Фото) ИЗГРЕБАНИ АВТОМОБИЛИ И НЕРВОЗНИ ТУРИСТИ - Врие во популарните летувалишта

Vecer | 24.08.2026

(Фото) ИЗГРЕБАНИ АВТОМОБИЛИ И НЕРВОЗНИ ТУРИСТИ - Врие во популарните летувалишта

Жителите на популарните туристички места во Финистер, најзападниот департман на Бретања, сè погласно го изразуваат своето огромно незадоволство и револт кон посетителите од Париз. Месното население секоја година се соочува со неподносливи сообраќајни метежи, хаос со паркирањето и пренатрупаност, а оваа година ситуацијата ескалираше поради топлотниот бран на југот кој масовно ги пренасочи Французите кон поладните брегови на Бретања, пренесува „Телеграф“.

Бранот на омраза и вандализам веќе зема замав во повеќе градови, каде што автомобилите со париски регистрации се масовно изгребани со соодветни пораки против парижаните, а на патиштата и ѕидовите се појавија графити со содржина „Парижани, губете се!“ и „Бегалците се добредојдени, туристите одете си дома!“. Покрај материјалната штета, забележани се и вербални и физички инциденти на улиците, каде локалците отворено ги напаѓаат и застрашуваат дојденците.

Градоначалниците на засегнатите места ошто ги осудија овие напади, истакнувајќи дека ваквиот вандализам и омраза се неприфатливи, но во исто време признаа дека прекумерниот туризам прави сериозни проблеми. Бројот на жители во одредени места во текот на летото тројно се зголемува, создавајќи криза со домувањето, недостиг на паркинг и целосен сообраќаен колапс. Статистиката покажува дека регионот бележи над 7,4 милиони ноќевања, а дури третина од сите домашни туристи доаѓаат токму од парискиот регион, што оваа година го доведе конфликтот меѓу локалното население и парижаните до точка на вриење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk