Минатата недела силен земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија, а во јавноста сè уште испливуваат драматични снимки од моментот на ударот.
Една од нив, која брзо стана вирална, потекнува од надзорните камери во болница во градот Кумамото на островот Кјушу, пренесува британски „Телеграф“.
На снимката, забележана на 28 јули, е уловен моментот кога земјотресот го затекнува медицинскиот тим за време на операција. Додека целата сала почнува силно да се ниша, а предмети и опрема да летаат на сите страни и да паѓаат на подот, лекарите реагираат присебно, веднаш го фаќаат операциониот стол и со сопствените тела го штитат пациентот во настанатиот хаос.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата