logo
logo
logo

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

Vecer | 20.08.2026

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата.

Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од најпрепознатливите имиња на охридската фитнес сцена. По минатогодишното издание во Охрид, РЕсет повторно се враќа во градот, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава што ги поврзуваат активниот начин на живот, добрата енергија и дружењето.

Покрај заедничкиот тренинг, програмата ќе биде надополнета со музика и дружење. За атмосферата ќе се погрижи локалниот диџеј Климент.

РЕсет е платформа на „Реплек“ создадена со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила. Преку бесплатни фитнес активности и настани низ земјава, таа ги охрабрува граѓаните да направат простор за повеќе движење, позитивна енергија и грижа за сопственото здравје.

Јубилејното десетто издание е отворено за сите, без разлика на нивото на физичка подготвеност, а учеството е бесплатно.

Учесниците треба да понесат простирка за вежбање и да бидат облечени во удобна спортска облека. За учество е потребна претходна регистрација, која може да се направи преку следниот линк: https://tinyurl.com/rr2ada4s.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk