logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО - Гром уби фудбалер на теренот!

Vecer | 06.08.2026

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО - Гром уби фудбалер на теренот!

Фудбалер загина откако го удри гром за време на натпревар во Тајланд, а уште 12 лица се повредени.

Трагедијата се случила за време на аматерски фудбалски натпревар во Тајланд, кога силно невреме го прекинало мечот, а гром удрил директно на теренот.

Во ударот животот го загубил 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, кој бил погоден од громот додека се наоѓал на теренот.

По ударот веднаш настанала паника меѓу играчите и гледачите. Неговите соиграчи се обиделе да му помогнат додека лежел неподвижно на тревникот, а набрзо пристигнала и Итната медицинска помош.

Фудбалерот бил пренесен во болница, но лекарите само ја констатирале неговата смрт.

Освен загинатиот фудбалер, во инцидентот биле повредени уште 12 лица, меѓу кои и малезискиот фудбалер Алиф Езахан Зулкифли.

Несреќата се случила за време на турнирот „Голок куп“, регионално аматерско натпреварување на кое учествуваат екипи од Тајланд и Малезија.

Загинатиот Сафван Авае настапувал и за полупрофесионалниот клуб ФК Јала, кој се натпреварува во третата регионална лига на Тајланд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk