Лекарска грешка или нешто друго

ПАРАЛИЗИРАНА ПОСЛЕ ЦАРСКИ РЕЗ - Министерството за здравство најави вонреден надзор

Vecer | 01.08.2026

ПАРАЛИЗИРАНА ПОСЛЕ ЦАРСКИ РЕЗ - Министерството за здравство најави вонреден надзор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана.

- Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки.

- За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, велат од Министерството.

Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека ќе се спроведе вонреден надзор во сите три болници каде се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од село Баница бидејќи таа по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во Штипската општа болница има параплегија – не може да оди и е во инвалидска количка. Покрај ова, како што вели Клековски, ќе наложи и стручен надзор, што значи дека експерти од областа на гинекологијата, неврологијата и урологијата ќе утврдат дали нивните колеги направиле грешка при царскиот рез од кои е настаната ваква тешка компликација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk