Големи германски и австриски компании планираат да изградат индустриска зона, логистички центар и голем маркет директно на локацијата каде што се наоѓал некогашниот нацистички концентрационен логор Леоберсдорф во Доња Аустрија. Овој план предизвика вистински скандал во австриската јавност, а Меѓународниот комитет Маутхаузен веќе побара итно запирање на сите градежни активности.
Реагираше и Руската амбасада во Виена, која ги повика австриските власти совесно да ги исполнуваат своите обврски за зачувување на сеќавањето на жртвите од нацизмот.
Од амбасадата потсетија дека Леоберсдорф бил надворешен логор на Маутхаузен, во кој биле заточени околу 400 жени и девојки со просечна старост од само 23 години. Нацистите ги принудувале на исцрпувачка работа во блиската воена фабрика, а повеќе од половината од нив биле од Советскиот Сојуз. Кога логорот бил затворен, жените биле пешки спроведени кон Маутхаузен, при што многу од нив починале од изнемоштеност по патот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата