Синот на Тамара стана глумец

Vecer | 30.03.2026

Синот на Тамара стана глумец
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ.

-Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко не засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на други, вели Јовановиќ и подвлекува дека е задоволен со реализацијата на овој филм, бидејќи обработува исклучително важна тема, која буквално ја живееме секојдневно, а уметноста е најубавиот начин да се погледнеме во огледало.

Филмот се снима на локации во центарот на Скопје. Главните улоги ги толкуваат Даниела Ивановска, младиот Александар Стоименовски, кој во изминатиов период гради успешна актерска кариера во Белград, а во улогата на малиот Ивица се појавува Дарен Тодевски, син на популарната македонска пејачка Тамара Тодевска.

Останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат: Петар Мирчевски, Маја Вељковиќ, Гордана Ендровска, Марија Кондовска и Мартин Ѓорговски.

Кастинг директор е Биљана Драгичевиќ, кинематографер Дарио Секуловски, костимограф Жаклина Крстевска, шминката е на Жанета Димитриевска. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk