Истражувањето открива каде е најтешко да се вози и кои навики на возење се најдосадни.
Според резултатите од глобалната анкета спроведена од платформата DiscoverCars.com, Италија има најагресивни возачи во светот.
Дури 23 проценти од испитаниците изјавиле дека доживеале непредвидливо или ризично однесување при возење во таа земја.
Велика Британија се најде на второто место, со 11 проценти од испитаниците кои пријавиле агресивно однесување на возачите. Лондон беше особено често споменуван во одговорите.
Третото место го зазедоа САД, со 9 проценти, додека Франција и Австралија добија по 5 проценти. Шпанија и Турција се на петтото место, со по 4 проценти, пишува Euronews.
Ова најмногу ги нервира возачите
Најчестата жалба се однесува на возачите кои не го користат трепкачот при свртување. Ова го изјавиле 56 проценти од испитаниците.
На второ место е возењето на прекратко растојание, односно „лепењето“ за возилото пред вас, со 46 проценти.
По нив следуваат бавното возење во лентата за престигнување со 43 проценти и наглото сопирање со 20 проценти.
А каде се најучтивите возачи?
Анкетата, исто така, испитуваше колку самите граѓани мислат дека се учтиви. Бразил и Чиле се најдоа на врвот со просечен резултат од 9,46 од 10, по што следуваат Индија со 9,41 и Шведска и Франција со по 9,40.
Кога станува збор за општа љубезност, резултатите од друга студија беа различни.
Јапонија го освои првото место, пред Канада и Велика Британија.
Интересно е што однесувањето на патот не секогаш се совпаѓа со општата слика за љубезноста на жителите на одредена земја.
На пример, Италија е високо на листата на најагресивни возачи, но во исто време се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата