Ако барате идеја за лесен, брз и евтин летен ручек, оваа сочна пита со тиквички е совршениот избор за топлите денови. Најдоброто од сè е што подготовката е толку едноставна, а вкусот е толку неодолив што овој специјалитет со задоволство ќе го јадат дури и оние кои не се големи љубители на зеленчук.
Состојки:
- 2 поголеми тиквички, изрендани
- 1 главица кромид, ситно сечкана
- 3 јајца
- 200г сирење (фета, младо сирење или кашкавал), издробено
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша масло
- 200г брашно
- 1 прашок за печиво
- Сол, бибер, сув зачин (вегета), свеж магдонос
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да отстојат 10-15 минути за да го испуштат сокот. Добро исцедете ги со раце или во цедалка.
Во смесата со јајца додајте ги исцедените тиквички и ситно сечканиот кромид. Соединете ги сите состојки.
Истурете ја смесата во намастена тава за печење (округла или правоаголна) и наросете со рендан кашкавал одозгора. Печете во претходно загреана рерна на 180°C–200°C околу 30-40 минути, или додека питата не порумени и не добие убава коричка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата