Ако барате брз, лесен и сочен колач што мириса на есен, овој рецепт за јаболка е совршен избор. Не бара комплицирани состојки или посебни вештини, а резултатот е мек колач што се топи во уста.
За да го направите овој колач, потребни ви се следниве основни состојки:
• 2 јајца
• 200 г шеќер
• 200 мл млеко
• 100 мл масло
• 2 чаши брашно
• 1 прашок за пециво
• 1 ванилин шеќер
• 2 јаболка
• шеќер во прав за посипување
Подготовка:
• Излупете ги јаболката, исечете ги на парчиња и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
• Во голем сад, изматете ги јајцата со шеќерот додека не се пени, потоа додадете го млекото, маслото, брашното, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Добро измешајте за да добиете мазна смеса. Прелијте ја смесата врз наредените јаболка и малку измазнете ја.
Печете во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути, додека површината не добие златна боја.
Оладете, наросете со шеќер во прав и послужете.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата