logo
logo
logo

Универзално тесто без јајца и млеко што може да стои во фрижидер 7 дена

Vecer | 09.03.2026

Универзално тесто без јајца и млеко што може да стои во фрижидер 7 дена

Овој рецепт не бара ниту јајца ниту млеко, а тестото е толку практично што може да стои во фрижидер до 7 дена, при што со текот на времето станува сè помеко. Кога ќе ви затреба, само откинете парче, развлечете го и подгответе го за печење.

Состојки:

500 г брашно

250 мл млака вода

100 мл масло

1 лажичка сол

1 прашок за печиво

Подготовка:

Измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво, па додадете ги маслото и водата. Месете додека не добиете меко и мазно тесто. Доколку е потребно, додадете уште малку вода.

Ставете го тестото во кеса или фолија и оставете го во фрижидер. Најдобро е да отстои барем еден час, но може да се користи и веднаш.

Што можете да подготвите со него

Кифлички – Развлечете го тестото, исечете го на триаголници, свиткајте ги и печете на 200°C околу 15 минути.

Пица – Развлечете го тенко, ставете посен прелив и печете на 220°C околу 12 минути.

Пита со компир и спанаќ – Развлечете кори, наполнете ги и печете на 180°C околу 30 минути.

Погачици – Исечете кругови, премачкајте со масло и печете на 200°C околу 15 минути.

Лепчиња – Развлечете малку подебело и печете на тава без масло 2–3 минути од секоја страна.

Чување на тестото

Чувајте го во фрижидер до 7 дена, во добро затворена кеса. Пред употреба извадете го 15 минути порано за да се загрее на собна температура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk