logo
logo
logo

За една година цените пораснале за 7,3 отсто

Vecer | 15.02.2022

За една година цените пораснале за 7,3 отсто

Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи. Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти. Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт за 8,4 проценти, медиумите за снимање за 4,2 проценти, обувките за 1,7 проценти, парамедицинските услуги за 1,2 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани…. Споредбено со јануари лани, зголемување од 6,7 проценти има кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk