logo
logo
logo

ГОЛЕМАТА КРИЗА НЕ ТРОПА НА ВРАТА, ВЛЕЗЕНА Е: Американците доцнат во отплата на долговите на највисоко ниво од 2010 година

Vecer | 09.10.2026

ГОЛЕМАТА КРИЗА НЕ ТРОПА НА ВРАТА, ВЛЕЗЕНА Е: Американците доцнат во отплата на долговите на највисоко ниво од 2010 година

Уделот на американските семејства кои не ги отплаќаат своите кредити се зголеми на речиси 20 проценти на крајот од 2025 година, од околу 12 проценти во претходното истражување во 2022 година, достигнувајќи го највисокото ниво од 2010 година, се наведува во извештајот на Федералните резерви (ФЕД).

Уделот на домаќинствата кои имаат задоцнети отплати на кредити за најмалку два месеци се зголеми од пет проценти во 2022 година на повеќе од осум проценти на крајот од минатата година, додека процентот на семејства чии месечни долгови надминуваат 40 проценти од приходот се зголеми на 8,6 проценти, од 6,5 проценти во претходното истражување, објавува CNBC.

Извештајот на ФЕД покажува дека финансиските тешкотии на американските домаќинства се зголемиле и покрај континуираниот економски раст, а влошувањето на способноста за отплата на долговите достигна нивоа што не се видени од периодот по глобалната финансиска криза.

Истражувањето за финансиите на потрошувачите, кое ФЕД го спроведува на секои три години, покажа дека реалниот медијален приход на семејствата, односно приходот на домаќинствата лоцирани во средината на распределбата, се зголемил за седум проценти, додека просечниот приход се намалил за шест проценти.

Во исто време, реалните просечни нето средства на домаќинствата се зголемиле за седум проценти, на 1,24 милиони долари (околу 1,07 милиони евра), додека медијалните нето средства се зголемиле за два проценти, на 215.900 долари (околу 186.000 евра).

Разликата помеѓу просечните и медијалните вредности укажува дека поголеми добивки се остварени кај побогатите семејства.

Медијалната нето вредност на четвртина од домаќинствата со најниски приходи се намалила за шест проценти, додека нивната просечна нето вредност се намалила за четири проценти.

Спротивно на тоа, медијалните нето средства на семејствата во групата со највисоки приходи се зголемиле за 31 процент.

ФЕД проценил дека разликите во приходите помеѓу побогатите и посиромашните домаќинства малку се намалиле помеѓу двете анкети, но во исто време тешкотиите во исполнувањето на финансиските обврски се продлабочиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk