logo
logo
logo

Цените на лебот, млекото, шеќерот, млекото, маслото и месото замрзнати до 31 јануари

Vecer | 05.12.2021

Цените на лебот, млекото, шеќерот, млекото, маслото и месото замрзнати до 31 јануари

Замрзнувањето на цените ќе важи во трговијата на големо и во трговијата на мало. Одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи што вчера ја донесе Владата, може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот. Замрзнувањето на цените во петокот го најави министерот за економија Крешник Бектеши. Мерката е базирана на анализата и пресметките што ги направило Секторот за трговија при Министерството за економија. Бектеши најави дека ако предвидат оти ќе има ценовни шокови ќе се интервенира во рамки на надлежностите и согласно Законот за трговија. Со барање за замрзнување на цените на основните прехранбени производи претходно излезе Организацијата на потрошувачи на Македонија. Тоа, според ОПМ, е неопходна мерка за да се намали ударот на инфлацијата врз граѓаните, имајќи предвид дека со евентуалниот пораст на цената на струјата се очекува и нов бран на поскапувања кој ќе удри на потрошувачката кошница. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, смета дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти од страна на Владата, можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира бранот на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните. Според него, причинител за инфлаторната спирала е енергетската криза, за чие надминување власта спроведува погрешни политики.
-Тоа не се прави со ограничување на цената на производите, туку тоа е една од сетот мерки што требаше да се преземат, вели Мицкоски.
Македонија не е прва земја во регионот што ги замрзна цените на основните прехранбени и стратешки производи. Во Србија од 1 декември „под мраз“ на 60 дена се ставени цените на шеќерот, брашното, сончогледовото масло, свинското месо и млекото. Претходно тоа го направи и Црна Гора, а Хрватска пред еден месец ги замрзна цените на горивата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk