logo
logo
logo

Тешки времиња бараат тешки мерки: ПРЕДЛОГ ДА НЕ СЕ ВОЗИ ВО НЕДЕЛА во Германија

Vecer | 14.06.2022

Тешки времиња бараат тешки мерки: ПРЕДЛОГ ДА НЕ СЕ ВОЗИ ВО НЕДЕЛА во Германија

Политичарите се свесни дека нешто мора да се направи, а има и примери од историјата. Тие само треба да се применат.

Цените на горивата растат, а овој тренд ги погоди најбогатите земји во Европа. Германија е една од нив.

Тамошните политичари се свесни дека нешто мора да се направи, а има примери од историјата. Тие само треба да се применат.

Претседателката на владејачката партија СПД, Саскиа Ескен, не исклучува привремено ограничување на брзината и привремена забрана за возење доколку цените на бензините останат високи.

Во берлинскиот магазин Тагесшпигел, се осврна на Законот за енергетска безбедност од 1975 година, кој беше донесен како одговор на нафтената криза, а кој неодамна беше изменет од коалицијата.

Законот и дозволува на владата простор за маневрирање, како на пример забрана за возење во недела или привремено ограничување на брзината на автопатите. Можно е да се стават и фирми кои се значајни за снабдување со енергија под капата на Владата, на одреден период.

Инаку, Саскиа Ескен е претседателка на СПД, партија  која е најсилна во владејачката коалиција од која доаѓа канцеларот Олаф Шолц.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk