Согласно петтиот пакет економски мерки, Јавните претпријатија на државо ниво ќе ги избришат каматите на долговите на граѓаните.

Ова го наведе премиерот Зоран Заев кој го презентираше најновите владини мерки за поддршка на погодените од пандемијата со Ковид-19.

Заев апелира и приватните компании, доколку можат да се приклучат на оваа мерка.

Радиодифузерите, превозниците, туристичките работници, занаетчиите, тутунарите се дел од оние кои се опфатени со петтиот пакет економски мерки.

Петтиот пакет содржи 29 економски мерки кои се поделени во четири столбови и ја ќе чинат државата 9,7 милијарди денари, односно околу 160 милиони евра.

Заев вели дека мерките се донесени низ дијалог со сите засегнати, и директно се надоврзуваат на претходните четири пакети економски мерки.

Петтиот пакет мерки е последниот за директна поддршка на економијата, по што следуваат индиректни мерки, најави Заев.

Кај повеќето мерки поддршката ќе се користи до крајот на 2021 година.

makfax.com.mk