Големо зголемување на горивата од полноќ

Vecer | 20.01.2023

Големо зголемување на горивата од полноќ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг. Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk