logo
logo
logo

Попов: Покрај јавниот, намален е и државниот долг за над 40 милиони евра, изнесува 51,7% од БДП

Vecer | 07.08.2026

Попов:  Покрај јавниот, намален е и државниот долг за над 40 милиони евра, изнесува 51,7% од БДП

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека економските политики на Владата даваат резултати и дека земјата бележи стабилизација на јавните финансии. Од партијата посочуваат дека и јавниот и државниот долг се намалуваат, а позитивните економски показатели, според нив, се резултат на одговорно управување, инвестиции и спроведување на владините мерки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Попов, на денешната прес-конференција оцени дека економските политики на Владата даваат резултати и дека државата бележи стабилизација на јавните финансии:

Од економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат.

Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат.

Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг.

На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец.

Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира.

Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти.

Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%.

Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk