logo
logo
logo

ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП

Vecer | 16.02.2022

ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република  Македонија. Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година. -Во услови на КОВИД-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени. Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг, наведува ДЗР. Целосниот извештај може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/62_Upravuvanje_so_javen_dolg_Zadolzuvanje_na%20RSM_2021_1.pdf. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk