logo
logo
logo

ВЛАДАТА ГО УСВОИ предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Vecer | 07.10.2026

ВЛАДАТА ГО УСВОИ предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Владата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година.

-Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата - стои во соопштението на владината прес-служба.

Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво.

Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски - додаваат од Владата.

Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk