Републиканците загубија но, ПОТОА СТРАОТЕН ПАД НА БЕРЗАТА И ЗАГУБА ОД 3.000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Vecer | 15.11.2026

Републиканците загубија но, ПОТОА СТРАОТЕН ПАД НА БЕРЗАТА И ЗАГУБА ОД 3.000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека американскиот берзански пазар паднал за три трилиони долари веднаш по ноемвриските конгресни избори.

Исто така, додавајќи дека инвеститорите ширум светот не се задоволни од резултатите од изборите и победата на демократите.

„Дали некој забележа дека веднаш по изборите, берзата изгуби три трилиони долари во вредност? Со други зборови, на инвеститорите ширум светот не им се допадна она што се случи на денот на изборите“, напиша Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social.

Сепак, тој додаде дека нема причина за загриженост, наведувајќи дека пазарот оттогаш бележи раст и дека Америка наскоро ќе биде „поголема од кога било“.

Веднаш по изборите, американскиот берзански пазар првично забележа раст, но водечките берзански индекси нагло паднаа на 5 ноември.

Падот првенствено се должи на распродажбата кај технолошките компании, поради загриженоста за можно заострување на регулативите во областа на вештачката интелигенција и изградбата на центри за обработка на податоци.

Во Соединетите Американски Држави, на 3 ноември се одржаа конгресни избори, каде што Демократската партија освои најмногу претставници во Сенатот и во Претставничкиот дом.

Според досегашните податоци, демократите освоија мнозинство во двата дома на среднорочните избори за Конгресот на САД - 256 места во Претставничкиот дом, каде што републиканците добија 169, а во Сенатот добија 55 места, наспроти 44 за републиканците, според објавените резултати од изборните проекции.

Кога станува збор за избор на гувернери на американските држави, демократските кандидати победија во 30 држави, а републиканците во 20.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk